|
||
| Каде беше Османи кога Бугарија не негираше како народ? |
|
Бујар Османи повторно ја игра старата плоча со лажен морализам, политичка патетика и со селективна меморија се обидува да го напаѓа премиерот Христијан Мицкоски. Но, овојпат, иронично, тој се жали на говор на омраза, религиска нетолеранција и популизам – како да не беше токму тој и неговата партија ДУИ архитектите на тие појави кои со години ја разградуваа државата однатре. Османи, како шеф на дипломатијата во времето на СДС и ДУИ, не беше само пасивен сведок на капитулацијата на македонскиот идентитет тој беше активен извршител. Потпиша безусловна преговарачка рамка со која Бугарија доби право на вето, ја легализираше асимилацијата на македонскиот народ и прифати уставни измени без никакви реални гаранции. Сето тоа под изговор на „европски вредности“, зад кои всушност се криеше геополитичка трговија и лична амбиција за фотосесија со европски бирократи. Каде беше Османи кога Бугарија не негираше како народ? Кога бараше да се избрише македонската историја? Кога се отвораа бугарски клубови со имиња на фашистички соработници? Молчеше. Зошто? Затоа што тој беше дел од коалицијата што владееше со концесија сè за фотелја, ништо за држава. Кога Османи повикуваше на „света борба за двојазичност“, тој не го правеше тоа од љубов кон мултикултурализмот, туку како параван за клановска корупција, клиентелизам и непотизам. ДУИ не ја користеше власта за еднаквост, ја користеше за монопол, за кражба на буџетот, за контролирање на правосудството и за креирање држава во држава. А резултатот? Осиромашени граѓани од сите етнички заедници, заробена администрација и недоверба во институциите. Господине Османи, Македонија е и дом на Албанците, но не и на политичари кои ја понижуваат и распродаваат. Вашите обвинувања кон Мицкоски се празни и лицемерни, затоа што токму Мицкоски се бори за Македонија што нема да биде ничиј протекторат. За Македонија каде идентитетот не се распродава, каде народот одлучува, а не елитите зад затворени врати. За држава каде што сите се еднакви ама и одговорни пред законот, без оглед на етничката припадност. Историјата нема да ве запамети по тоа што се „грижевте за соживот“, туку како министерот кој ја предаде сопствената држава со наведната глава. Како човекот кој го жртвуваше идентитетот на сопствените сограѓани и Албанци и Македонци за да остане во влада. Време е некои луѓе да замолчат. И да се соочат со вистината: Македонија конечно влегува во период на обновена достоинственост. И тоа не благодарение на вас, туку во инат на сè што Сте наравиле ротив интересите на Македонија за која велите дека е и Ваша. Да ја чуствувавте Македонија и како ваша Г-н.Османи, немаше да потишувате договори кои се против интересите на нашата и како што милувате да кажете и ваша Македонија. |