|
||
| На 31 мај, во сабота, Куманово е денот кога се потсетуваме на животот и делото на Драган Богдановски |
|
На 31.05.1998 г. во Копенхаген, Данска е починат Драган Богдановски
-11.00ч. гробишта-во Куманово, панихида, -13.00ч. ОК-ВМРО-ДМНЕ Куманово, Сеќавање за Драган Богдановски, На 31 мај, во сабота, Куманово е денот кога се потсетуваме на животот и делото на Драган Богдановски, идеологот на современото македонско движење за слобода, основачот на ВМРО-ДПМНЕ и вечен глас на обесправениот македонски народ. На 31 мај 2025г. Сабота, во 11:00 часот на кумановските гробишта ќе се одржи панихида – скромен, но длабоко симболичен чин на почит. Ќе молчиме, но во тишината ќе одекнуваат зборовите на Драган Богдановски, неговите текстови, неговите апели, неговата неуморна борба за национално освестување и слобода. На 31 мај 2025г. Сабота, во 13.00ч. во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, ќе се одржи собир на кој ќе се зборува за неговото значење, за корените на нашата партија и за иднината што ја градиме со отворени срца и непоколебливи ставови. Богдановски ни остави аманет, никогаш да не се поклониме пред туѓи диктати, никогаш да не се срамиме од тоа што сме, и никогаш да не заборавиме дека Македонија е света должност. Нека 31 мај биде ден кога ќе го обновиме заветот. за слободна, достоинствена и македонска Македонија, онаква каква што ја сонувал Драган Богдановски. Нека му е вечна слава! |