Среда, 21 Мај 2025    Печати
На 31 мај се поклонуваме пред Драган Богдановски

Dragan

На 31 мај е денот кога се поклонуваме пред Драган Богдановски

Програма:

-11.00ч. гробишта-во Куманово, панихида,

-13.00ч. ОК-ВМРО-ДМНЕ Куманово, Сеќавање за Драган Богдановски

На 31 мај, во сабота, Куманово е денот кога се потсетуваме на животот и делото на Драган Богдановски, идеологот на современото македонско движење за слобода, основачот на ВМРО-ДПМНЕ и вечен глас на обесправениот македонски народ.

Во 11:00 часот на кумановските гробишта ќе се одржи панихида – скромен, но длабоко симболичен чин на почит. Ќе молчиме, но во тишината ќе одекнуваат зборовите на Богдановски, неговите текстови, неговите апели, неговата неуморна борба за национално освестување и слобода.

Во 13:00 часот, во просториите на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, ќе се одржи собир на кој ќе се зборува за неговото значење, за корените на нашата партија и за иднината што ја градиме.

Богдановски ни остави аманет, никогаш да не се поклониме пред туѓи диктати, никогаш да не се срамиме од тоа што сме, и никогаш да не заборавиме дека Македонија е света должност.

Тој беше синоним за бескомпромисна правда, човек кој ја плати цената на слободата со затвори, прогонства и живот во емиграција. Но не се поколеба. Токму затоа, денес, ВМРО-ДПМНЕ, а преку неа и целото македонско национално ткиво, има морална обврска да го велича неговото име и дело.

Нека 31 мај биде ден кога ќе го обновиме заветот. за слободна, достоинствена и македонска Македонија, онаква каква што ја сонувал Драган Богдановски.

Нека му е вечна слава!

1uv11 copy copy copy copy copy