|
||
| Кога СДС зборува за „Катастрофа“ и „Хаос“, навистина е трагикомично! |
|
Единствената вистинска „Катастрофа“ и „Хаос“ во македонската историја е седумгодишно владеење на СДС! Ја знаете старата поговорка: Фалиме усто или ќе те раскинам? Ете тоа важи за СДС со нивното вчерашно Соопштение. СДС може да објавува соопштенија колку што сака, да се фали за работи кои можеби ги сонувале, ама не ги реализирале, но вистината не може да се прикрие. Народот точно знае кој ја уништуваше државата, а кој денес ја обновува. Денес разликата е очигледна, режимот на лаги и корупција е заменет со влада што носи резултати.
Еве само мал дел од вистинската „Катастрофа“ и „Хаос“ од седумгодишно владеење на СДС: -Го задолжија народот со над 3 милијарди евра, за нула проекти. -Корупција, Афери, „Мафија“, „Рекет“, „Талир“, „Пошта“, сите без разрешница. -Се сликаа со кокаин-кумови, а улиците беа небезбедни. -Делеа патни исправи на белосветски мафијаши. -Инфлација над 19% во 2022, пад на стандардот, замрзнати плати. -Ги заглавија општините во долгови. -260.000 млади луѓе го напуштија родниот праг. -Преспански договор-сменија име, Бугарски протокол-отворен пат за уцени и нови уставни измени. -Масовни вработувања без критериуми. -Нула нови клиники, -Тендерски профити. -Го претворија здравството во бункер за тендери на Филипче, Груби и Заев. -Укинати учебници, уништени услови, деградирани кадри. -Капитални инвестиции речиси НУЛА. Ова е само мал дел од недомаќинското седумгодишно криминално владеење на СДС. Дај Боже да не се повтори.
Што направи Владата на ВМРО-ДПМНЕ за нецела година? -Просечна плата: 43.500 денари, раст од 11%. -Минималната плата зголемена на 22.500 денари (+3.000 од времето на СДС). -Линеарно покачување на Пензиите од +5.000 денари. -Инфлацијата е стабилизирана под 5%. -Најавени нови инвестиции од над 6 милијарди евра за нови проекти. -Во изградба автопати и патишта: Тетово-Гостивар-Кичево, Кичево-Струга–Ќафасан, Битола–Меџитлија, Штип–Кочани, обиколница Скопје,... -Започната подготовка за изградба железница со две линии од Коридор 10, од граница со Србија-до граница со Грција. -Стотици проекти во општините низ цела Македонија за изградба на водоводи, канализации, училишта, улици, спортски сали, детски градинки,... -Нова градинка (Кисела Вода), реконструкции (Битола, Кавадарци, Прилеп). -Акции против мафијата, расчистување со делење пасоши на белосветски мафијаши, шверц и мито,... -Нов модел за стручно образование, дигитална инфраструктура. -Нови системи за е-услуги, дигитални лични документи, ефикасна администрација. -Бесплатни учебници, зголемени детски додатоци, помош за новороденчиња. -Засилени дипломатски односи со САД, Хрватска, Унгарија, Словенија, Германија, Турција, стратешко партнерство со Обединетото Кралство. -Раст на странски инвестиции како никогаш до сега. -Скоро една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ: НУЛА АФЕРИ! -Три и половина години Локална власт: НУЛА АФЕРИ! И многу други започнати проекти, или се чека за нивно започнување. За само една година, Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи повеќе отколку владата на СДС за седум години.
Граѓаните во Македонија се мудри и имат долго паметење. Знаат точно кој ја донесе државата до „катастрофа“ и „хаос“. Не му требаат соопштенија за да препознае чија беше Владата на криминал, уцени и корупција–Влада предводена од СДС. Токму затоа, народот избра промена и доверба им даде на оние што градат, а не на тие што рушат. |