|
||
| Во Музеот на Македонската Борба во Скопје се формира Глобалната Македонска Фондација “Вечна“ |
|
Промоторско обраќање по повод основањето на Глобалната Македонска Фондација Вечна од страна Ацо Крстески иницијатор за формирање на оваа фондација прва од ваков вид во Македонија. 15 мај 2025 година Почитувани дами и господа, ценети гости, пријатели и соработници, Денес сме обединети во духот на еден значаен и, би рекол, историски чин – основањето на Глобалната Македонска Фондација Вечна. Но пред да проговорам за нејзината мисија и визија, дозволете ми да се навратам на изворот – на моментот кога оваа идеја почна да се обликува. Фондацијата ВЕЧНА не настана одеднаш. Таа се формираше постепено, низ период од четири години, водена од внатрешна потреба кај нас – луѓето кои веруваме во вредноста на историската вистина, во моќта на културниот идентитет и во достоинството на сеќавањето. Клучниот поттик го добивме есента минатата година, преку еден тивок, но мошне јасен знак од мојата сопруга Грозданка – чие интуитивно чувство и поддршка беа недвосмислена потврда дека времето е созреано. Потоа, мојот син Мирчо – со своето знаење, визија и организациска решителност – ја презеде задачата идејата да стане остварлива и одржлива реалност. На 2 октомври 2024 година, во Германија, го избравме името – Глобална Македонска Фондација Вечна, и го составивме Основачкиот акт. Паралелно, се случи настан од исклучителна важност – објавувањето на книгата „Писма на Љубомир Милетиќ до Афанасиј Селишчев“, труд на д-р Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски. Тогаш си поставивме едно суштинско прашање: Така се роди нашата фондација. Не како форма, туку како завет. Глобалната Македонска Фондација Вечна е замислена како сериозна, професионална и независна платформа за истражување, документирање и промовирање на македонското културно-историско наследство. Нашата цел не е да водиме дијалог со минатото, туку да ѝ овозможиме на вистината да излезе од сенките. Иднината може да се гради само врз длабинско разбирање на минатото – ослободено од влијанија кои ја изобличуваат вистината. Фондацијата го избира знаењето како пат, а вистината како светилник. Мисијата на фондацијата е јасна:
Особено ми е чест што денес ја најавувам првата стратешка иницијатива на фондацијата: Ова е нашата инвестиција во иднината – поддршка за млади истражувачи ослободени од идеолошки насоки, а мотивирани од љубопитност, истрајност и почит кон вистината. Во таа насока, Фондацијата Вечна ќе отвора пат и за идни договорни партнерства со релевантни институции и научни центри. Овој пристап произлегува од нашата определба за долгорочна соработка, заснована врз взаемна доверба, научна одговорност и почитување на институционалниот интегритет. Иако во оваа фаза сè уште не можеме да го прецизираме обемот на материјалната поддршка која би ја вложиле во заедничките иницијативи, нашата волја и подготвеност за професионален ангажман се цврсти и искрени. Веруваме дека преку договорна и професионална соработка, ќе изградиме силна основа за автентично и одговорно претставување на македонската историја – дома и во светот. Зашто зачувувањето на културното наследство не е лична амбиција – тоа е заедничка одговорност, интелектуална и човечка. Фондацијата Вечна ќе биде место на спојување – на генерации, знаења и перспективи. Јас, Ацо Крстески, денес не говорам само во лично својство. Со денешниот чин, не сме само сведоци на еден настан. Глобалната Македонска Фондација Вечна е заедничка мисија. Зашто Македонија не е само географски простор. Таа е идеја. Таа е култура. Таа е духовно траење. Срдечно Ви благодарам. |