Понеделник, 28 Април 2025    Печати
Левица политички шарлатани и квази патриоти!
Brane copy copy copy copy copy
 
Петрушевски: Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста,  на удар е Тошковски, човек, синоним за чест, правда
 
Утре во Собранието ќе се води битка меѓу чесноста и подмолноста.
 
На удар е министерот Панче Тошкоски, човек што го познавам долги години. Човек, синоним за чест, правда и бескрајна љубов кон Македонија.
 
Подносители на интерпелацијата? Левица политички шарлатани и квази-патриоти!
Тие беа најгласните слуги на шарената револуција што го донесе најголемиот криминал и најдлабоките национални понижувања!
Денес, политички некрофили, кои сакаат да тргуваат со болката на народот и да извлечат ситен политички ќар од трагедијата во Кочани. Бесрамно!
 
Но вистината е јасна: За првпат во Македонија, по трагедија, неселективно и одговорно се поднесуваат кривични пријави против сите виновници без разлика на функција и моќ.
Повеќе од 70 лица се опфатени: министри, градоначалници, инспектори, полициски службеници!
 
За разлика од минатото кога “кабелот” беше виновен, а вистинските виновници беа заштитени.
 
Панче Тошкоски испиша страница на вистинска борба против криминалот:
-Сузбиени 14 криминални групи и 1 терористичка ќелија;
-Паднаа поранешен вицепремиер, врховен судија, член на Совет на јавни обвинители, директори;
-Спречени меѓународни транспорти на кокаин, марихуана и екстази (над 4 тона запленети дроги);
-Сузбиена цела мрежа на корумпирани цариници;
-За 4,8% намален криминал!
 
Токму затоа Левица крева врева. Страв им е од правда и одговорност.
 
Оваа битка не е само на Панче!
Ова е битка на сите што веруваат во чесна, праведна и достоинствена Македонија!
 
Стојам цврсто и гордо зад министерот Панче Тошкоски.
Зад Македонија што се бори.
Зад правдата што конечно има име и презиме.
 
А ти?