Вторник, 22 Април 2025    Печати
СДС ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ

1uv5 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

СДС продолжува да работи контра македонскиот народ. Наместо да го стават прстот на чело и да се запрашаат зошто имаат низок рејтинг, тие продолжуваат да им се додворуваат на Бугарите.

34 години без престан, работат во корист за другите, а не за македонскиот народ и држава.

Лажеа за знамето, за името, за Уставот, за ЕУ и за што уште не. На СДС во нивната матрица им е лагата.

Денес, повторно пред јавноста, иако министерот за надворешни на Бугарија изјави Македонија да не очекува уставните измени да се последен чекор од интеграцијата во ЕУ,

СДС како партија за пропаганда, продолжуваат слепо да си веруваат сами на себе, дека уште уставни измени и ете сме во ЕУ.

На СДС не му е до достоинството, на СДС важни им се тендерите, сплетките, криминалите, омаловажувањата, буквално се што не треба.

Затоа имаат рејтинг рамен на статистичка грешка, затоа немаа доверба од народот и затоа не сме сите исти.

СДС се синоним за неспособност, криминал и предавства.