|
||
| Благодетниот Оган – Светлина од Воскресението за Македонската Душа |
|
На Велика Сабота, додека светот се подготвува за најсветлиот христијански празник – Христовото Воскресение, од Гробот Господов во Ерусалим се јавува чудото на благодетниот оган. Тоа не е само симбол. Тоа е потврда. Потврда дека смртта е победена, дека Воскресението е вистина, и дека Божјата светлина не престанува да го осветлува човештвото. Со илјадници свеќи запалени од таа божествена светлина, со срца исполнети со трепет, и оваа година благодетниот оган стигна и во Македонија. Овој огин е симбол на надежта, на обединетоста, на духовното воскресение на народот. И кога ќе се допре до него, чувствуваш како Бог те гали. Не те гори, туку те преобразува. Ние, Македонците, сме народ кој многу пати бил распнуван, но секогаш воскреснувал. Со вера, со жртва, со непокор. И денес, кога го примаме благодетниот оган, ние не примаме само пламен, ние примаме завет. Завет дека ќе останеме верни на Христа, на верата, на Македонија. Нека оваа светлина нè потсети дека ниту една темнина не е доволно силна да ја угаси верата. Дека животот победува. Дека Македонија, како библиска земја, ќе опстане и ќе воскресне заедно со Христос. Христос Воскресе! Вистина Воскресе! Македонска Нација |