Недела, 20 Април 2025    Печати
Христос воскресе! Навистина Воскресе!

UV

Во овие свети велигденски денови, кога срцата се исполнуваат со вера, љубов и семејна топлина, Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Ви упатува искрени честитки за Христовото Воскресение.

Нека празникот донесе благослов, мир, здравје и обединетост во секој дом. Нека Воскресението Христово ни биде поттик за солидарност, добрина и сила во предизвиците пред нас.

Да го чуваме заедништвото, да ја почитуваме историјата и да ја градиме иднината со верба и чест.

Да ја вратиме самопочитта, самодовербата, храброста и гордоста, со вера во Бога и љубов за Македонија!

Христос воскресе! Навистина Воскресе!