Среда, 16 Април 2025    Печати
Голем гест од Црвена звезда и Србија, а тишина од Бугарија

701 copy copy copy copy

Во моменти кога Македонија ја проживува една од своите најтешки трагедии кога пламенот во Кочани не одзеде само животи, туку ја запали и самата душа на нацијата токму тогаш се појави светлина.

Таа светлина дојде од Србија, од Црвена звезда, од спортскиот терен, каде што фудбалот стана средство за сочувство, а солидарноста повисока од секој резултат.

Хуманитарниот натпревар организиран од белградскиот гигант Црвена звезда беше повеќе од симболичен чин. Тоа беше порака до македонскиот народ дека не е сам. Дека во моменти на болка, има некој што го чувствува истото. И токму затоа, овој гест останува запишан не само како спортско, туку и како човечко достигнување.

А каде е Бугарија? Земјата што постојано зборува за "братство", за "заедничка историја", за "еднакви корени"?

Бугарија, наместо да го искористи моментот за да покаже вистинско пријателство, повторно остана заробена во своите историски и политички матрици. Заробена во потребата да не го признае македонското постоење како рамноправно.

Србија и Црвена звезда покажаа што значи солидарност, што значи пријателство, што значи човечност.

Македонска нација: Кога некој е со нас во болка, тогаш го чувствуваме како свој. А кога некој молчи во тишината на трагедијата тогаш сфаќаме сè.