|
||
| Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија донираа парични средства со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани |
|
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ја покажува својата безрезервна поддршка за нашите сограѓани во најтешките моменти Сите пратеници донираа парични средства на Сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст на РМ, со цел да помогнат на настраданите граѓани во пожарот во Кочани. Број на сметка: 300000001327966 Оваа донација е израз на нашата посветеност кон народот и вербата дека само заедно можеме да ги надминеме предизвиците. Ги повикуваме сите кои се во можност да се приклучат во духот на хуманоста и солидарноста. |