|
||
| Гордана Димовска: МАКЕДОНИЈА ПЛАЧЕ |
|
Посакував ова никогаш да не се случи, Земјата тага ја обви, Се завитка во црно, овојпат тагата е вечна, Останува во срцата кои беа полни со љубов А сега тагата нова љубов се вика.
Еј Македонијо Земјо славна но страдна Плачи, исплачи се за твоите чеда. Но тагата љубов е нова Која живееше во загинатите чеда.
И небото да се отвореше Немаше толку солзи да истури, Плаче народот цел, плаче целиот свет. Плаче за невино настраданите Прерано згаснати животи во Кочани.
И кога е најтешко Поетот пишува песна Да остане барем како утеха, За мајката страдна, најблиските свои. Чии чеда ги нема веќе Но и мајки, татковци, браќа и сестри Кои останаа сами. Згаснаа, како пламенот на свеќата која толку силно гореше, Пламен кој никој не очекуваше да згасне.
Распламтуваше и ветуваше Нови планови, нови надежи Посакувани патеки на среќа Патеки по кои младото момче тргна Но за жал несреќа го стигна. . Воздигни се повисоко сега, Зошто од оваа тага тешко се бега. Седам и гледам на сите таги на светот, но оваа најтажна е, Река од солзи се пролеа на сите страни; Слушам тајни грчевити липања од млади мажи, жени и деца, свиени во болка.
Еј Македонијо, Земјо страдалнице, земјо на чемер и јад, Tе oбви тага, Сега, празен е сјајот во твоите очи. Кога ли немири и таги ќе стивнат? Плачи исплачи се И колку некој сака да бега, ти како да си земја на солзите сега. Земјо најубава моја, Ќе има ли крај на тагата твоја.
Гордана Димовска |