Среда, 19 Февруари 2025    Печати
Атанас Кирјаков: Отворено писмо до г-ѓа Урсула фон дер Лајен

Atanas 1

Последните Македонци во Пиринска Македонија

Од 1990 година до денес, Бугарија е осудена 17 пати од Европскиот суд за човекови права во Стразбур за прекршување на човековите права на етничките Македонци во Бугарија. Но, Европската унија останува безгласна. Зошто молчите, г-ѓо Урсула фон дер Лајен?

Репресиите врз Македонците продолжуваат и во 2025 година.

Денес, да се биде Македонец во Пиринска Македонија е многу тешко. Македонците и Македонките се изложени на постојани репресии, асимилација и дискриминација. Од времето на Тодор Живков, па сè до денес, официјалната политика на Бугарија спроведува систематска асимилација.

Репресивни практики:

-Македонците се следени, подслушувани, фотографирани и заплашувани од тајната полиција.

-Се подложуваат на притисоци да потпишуваат изјави против пријатели и роднини Македонци.

-Жени се принудувани да се разведат од сопрузите Македонци.

-Семејства се разединуваат поради различна етничка определба.

-Ученици се исклучуваат од училишта, работници се отпуштаат од работни места, а Македонците се ограничени на ниско платени и тешки физички работи.

-Бизнисите на Македонци се систематски уништувани преку постојани инспекции и казни.

Правна и културна дискриминација:

-Бугарскиот суд не дозволува регистрација на македонски културни организации или политички партии, со образложение дека тоа ја загрозува територијалната целина на Бугарија.

-Македонските празнични собири се забранувани, а учесниците се апсени и малтретирани.

-Намалување на македонското население:

-Поради децениските репресии и асимилација, бројот на Македонци во Пиринска Македонија драстично опадна – од 200.000 во минатото, до само 1.500 на последниот попис.

-Денес, во 2025 година, Македонците во Бугарија се целосно непризнаени како етничка заедница. Според официјалната политика на Софија, Македонците „не постојат“.

Апел за заштита на човековите права:

-Ова е реалноста на Македонците во Пиринска Македонија во 21 век.

Г-ѓо фон дер Лајен, Европа не смее да молчи пред оваа неправда. Ова е прашање на основните човекови права, кои Унијата ветува дека ги штити.

Со почит,

Атанас Кирјаков

Претседател на Градскиот комитет на ОМО „Илинден“ – Благоевград

Објавено на 15 февруари 2025