Среда, 22 Јануари 2025    Печати
Македонија ја претставува премиер којшто не ја ведне главата пред светските политичари

474103658 1210273770454547 5681588769158198592 n

Средбите на премиерот Мицкоски со високи политички претставници на САД вродуваат со плод, за разлика од оние на СДС кадешто им затвораа врати пред нос

Знаеме дека СДС не можат да сфатат дека се во опозиција и дека уште долго ќе бидат таму, бидејќи граѓаните не им даваат поддршка за нивните политики, затоа што се лажни и лицемерни.

Освен тоа што премиерот Мицкоски беше единствен политичар од Балканот што присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, беа остварени значајни средби со многу високи политички претставници од САД, на кои беше разговарано за инвестиции, нашиот пат кон членство во ЕУ, стратешките позиции во НАТО алијансата и нашите позиции и ставови.

Премиерот Мицкоски, оствари средби со Крис Павловски, Девин Нунез, Џон Битов, Марко Галина, Такер Карлсон, Ричард Гренел, Ендру Пејкоф, Џеси Спиро, Александар Касаноф,Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД и многу други средби.

mickoski-sad-2000x1221 copy
Сиве овие средби на премиерот Мицкоски се за подобрување на економијата на државата, како и промовирање на туризмот и носење на странски инвестиции во државата. Можеби на СДС ова им е чудно, бидејќи на нив освен инвестирање во сопствениот џеб од страна на Буџетот, за друго и не знаеја.

Ги потсетуваме граѓаните, дека не се сите исти. Разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС е повеќе од јасна. На нив сестринските партии им затвораа врати пред состаноците, а на ВМРО-ДПМНЕ вратата е отворена во меѓународната заедница.

П.С. Ракувањата „на нога“ се дело на СДС, кога Димитров го фотографираше Заев на „средбата“ од 1,5 секунда со Доналд Трамп.

П.П.С. Македонија ја претставува премиер којшто не ја ведне главата пред светските политичари, туку го негува, промовира и заштитува македонскиот идентитет!