Среда, 22 Јануари 2025    Печати
СДС бранат криминал и го напаѓаат Томовски зошто заштедил на државата пола милион евра

                     1uv3 copy copy copy copy copy copy copy

СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно.

Ввалкањето имиња со криминалци е опсесија на Филипче, тоа е исто како да кажеме Филипче, Штекли и Шеваљ дилаат дрога

СООПШТЕНИЕ, Реакција на прес-конференцијата на СДС

СДС бранат криминал и го напаѓаат Томовски зошто заштедил на државата пола милион евра. СДС се фатени живи, штитат бизнис интереси вредни пола милион евра годишно.

Споменатото лице не е роднина на Томовски.

Што се однесува до споменувањето на некои лица коои се поврзани наводно со криминал, а се доведени во конотација со Томовски, тоа е исто како ние да кажеме дека на Филипче роднина е Раде Штекли и зошто го штител, и дали заедно дилале дрога. Но, очигледно за СДС, не е проблем да продолжат како до сега да лажат и да штитат криминалци, и за разлика од СДС, ние не шпекулираме туку се служиме со факти и прашуваме.

Го прашуваме Пеце Мирчевски екс директорот на СОЗР, каде оделе половина милион евра годишно или за 6 години 3 милиони евра кои сега Томовски ги заштедува, дали е точно дека завршувале кај тандемот Зечевиќ Ковачевски, претходно кај Заев, а дел во партиската каса?