|
||
| Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ: Среќна Нова 2025 година |
|
Браќа и сестри, Нека Новата 2025- биде година на национално сплотување и успеси на македонскиот народ и држава. Да ги отвориме срцата и да посакаме подобрување на економската слика, да видиме задоволство на сечие лице и среќа во сечие срце. Македонците кои се надвор од Македонија, да си дојдат дома и да најдат можност да останат во својата земја, татковина на сите нас, во библиска Македонија. За Македонија сме задолжени и не смееме да заборавиме како сме стигнале до овој историски момент. Македонците се дадени од Бога за да сакаат и да даваат, ние сме доброчуден народ и гостопримлив, да го сочуваме достоинството создавано низ историјата, и да го исполниме долгот на Македонскиот дух и код, за кој сме дадени. Среќна Нова 2025 година, и нека се весели БОЖИЌНИТЕ ПРАЗНИЦИ КОИ НИ ПРЕТСТОЈАТ. АМИН!
|