|
||
| Македонска нација: Среќна Нова 2025 Година! |
|
Македонска нација Ви ја честита Новата 2025 година, и Ви посакува Господ Бог да Ви дари здравје, Вам и на Вашите семејства, каде и да сте, во светот или во татковината Македонија! -Во предвечерието на Нова Година, Македонска нација повикува на семакедонско помирување и обединување, меѓу Македонците во светот, меѓу Македонците во сите делови на Македонија и меѓу Македонците во Р.Македонија! Без разлика на нивната партиска и верска определба; -Да отвориме нови работни места и да го спречиме заминувањето на младите образувани кадри од земјата; -Да создадеме услови за да можат оние кои сакаат да се вратат во сопствената земја и на своите огништа и заедно да изградиме македонска рајска градина; -Да се избориме за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и културата; -Идентитетот МАКЕДОНСКИ не е на продажба ниту пак е тема за расправа; -МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постојат и ќе постојат, додека постои и светот; -Во оваа битка за Македонија нема поголем или помал Македонец. Сите сме исти, равноправни и секој треба да го даде својот придонес. Само така ќе се оддолжиме на сите оние претходни генерации кои животот го дадоа за создавање на ова засега единствено парче слободна и независна македонска држава. -Борбата не е завршена, а сите ние треба да го продолжиме нивното дело. -Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно!
Македонија вечна! Амин!
|