Среда, 25 Декември 2024    Печати
Честитка по повод празникот католички Божиќ
  • sddefault

    На сите верници што празникот го слават според грегоријанскиот календар им посакуваме прославата на големиот празник на рождеството Христово, Божиќ да донесе светлина, мир и љубов во вашите срца и домови, исполнувајќи ги со радост и надеж.

    Нека овој празник биде потсетник дека секој нов почеток носи нова сила, нова надеж и нова енергија.

    Посакуваме во мир и спокојство со најблиските да го прославите овој голем празник и да продложиме да ја градиме нашата земја со нова сила, нова енергија и нова надеж во заедништво онака како што Македонија и сите ние заслужуваме.

    Допрва доаѓаат поубави денови, исполнети со напредок, единство и благосостојба за сите нас.

    На земјата мир и меѓу луѓето добра волја!

    Среќен и благословен Божиќ! Христос се роди!