|
||
| Акцијата против криминалот, не е против Албанците |
|
Акцијата против криминалот, не е против Албанците, туку против криминалците и жртвите на криминалците меѓу кои се и Албанците. ДУИ сега самите и со изјава се идентификуваат со криминалните кланови во државава. На сите им беше јасно под чија заштита се тие кои дилаа дрога на нашите деца и убиваа и рекетираа по локалите низ Скопје и други градови, сите знаеја кој на кого дава лихва и зошто плаќа рекет, и сите знаеја дека ДУИ стои зад тие банди. Сега ДУИ и јавно призна. И добро е Албанските и сите други граѓани да увидат за што се залага ДУИ. Затоа што од тие банди страдаа Албанци. Страдаше мирот стабилноста. Страдаа деца Албанци, Македонци и останати. Монструмот во кој ДУИ се претвори се појасно се открива и гледа, и сакаме да му порачаме на ДУИ, Македонија ќе победи! Албанците и Македонците заедно сложно ќе ги победат криминалците од ДУИ врзани со бандите и нарко клановите. |