Сабота, 19 Октомври 2024    Печати
СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци

1uv20 copy copy copy copy

СДС ги партизираше безбедносните структури со партиски потрчковци, сега се става крај, за овие служби клучен е професионализмот

СДС е синоним за партизација на се што е државно и на граѓаните.

СДС додека беше на власт постави партиски и некомпетентни кадри на клучни позиции во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР).

СДС во целост ја партизираше Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање за време на своето владеење.

Виктор Димовски, партиски функционер, СДС го постави на чело на АНБ. Димовски имаше активна улога во структурата на СДС и се поврзува со сериозни безбедносни и дипломатски скандали. Еролд Муслиу, кој раководеше со АР, активно следеше функционери на ВМРО-ДПМНЕ, злоупотребувајќи ја својата позиција. СДС изврши партизација и во УБК, кога го постави Миле Зечевиќ, и по истиот пат по кој стана партиски функционер, беше назначен за генерален секретар.

За разлика од бесмислените партиски назначувања на СДС, ВМРО-ДПМНЕ става акцент на професионализмот. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на интегритетот во безбедносните служби, и поставување на функционер кој ќе работи на заштита на државните интереси и независноста на службите.

Едно е јасно, ВМРО-ДПМНЕ, НЕ ја продолжува практиката на партиска контрола над безбедносните служби.

Професионализмот и интегритетот ќе бидат водечки принципи. Безбедносните служби мора да функционираат во интерес на народот, а не само како инструмент за партизација.