Недела, 04 Август 2024    Печати
Македонија е ограбена држава!

91 copy

Претходната влада на СДС и ДУИ сакала за пругата кон Бугарија да потроши 560 милиони евра, а истата завршува со тунел кој нема излез!

СДС и ДУИ покажале дека водејќи ја владата ништо не им било важно, туку само да спроведуваат тендери.

СДС и ДУИ сакале за третата делница од 24 километри да потрошат 560 милиони евра. Или километар според СДС и ДУИ би чинел околу 23 милиони евра.

Македонија е држава оставена со големи проблеми, со неплански проекти затоа што претходната власт на СДС и ДУИ имала само една цел – да спроведува тендери за лична корист.