Сабота, 13 Јули 2024    Печати
Јаревски: Филипче нема да побегнеш, ниту пак функцијата во СДС ќе те спаси

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Резултат од министерувањето на Филипче е хациендата на Водно, луксузно Ауди Q8 и ограбената државна каса .

Во еден мандат како министер Филипче успеа енормно да го зголеми својот имот. Додека тој беше министер таткото на неговата сопруга изгради хациенда на Водно, а откако му заврши мандатот тој почна да вози луксузно Ауди Q8, кое патем сеуште го нема впишано во анкетниот лист.

Од каде пари за хациендата која вреди 1 милион евра и со кои пари е купено луксузното Ауди? Дали можеби Филипче ќе ни каже евтини изговори дека хациендата е на таткото на неговата сопруга, а Аудито му е дадено за возење?

Дали овој имот на Филипче некако се доведува во врска со милионските тендери и милионите испумпани во негово време?

Во време на Филипче немаше милионски тендер кој не беше обвиткан во скандали.

Венко Филипче точно знае во се што бил вмешан, затоа и отиде за претседател на СДС, за да може да се крие зад политичката позиција и да се вади на политички притисок кога ќе биде гонет.

Филипче нема да побегнеш, ниту пак функцијата во СДС ќе те спаси.