Сабота, 13 Јули 2024    Печати
Јаревски: Маргиналци се СДС со нивните две штури соопштенија, наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори на Мицкоски со државници од НАТО
thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy
 
„СДС и малиот Заев, Венко Филипче жалат што Македонија нема повеќе свиткана кичма во НАТО.
Маргиналци беа СДС со нивните две средби и две штури соопштенија наспроти остварените повеќе од 20 средби и разговори со државници од НАТО алијансата. Фуриозна и динамична агенда на претседателот Мицкоски, поздравена и поддржана од сите.
 
Очигледно е дека СДС и малиот Заев имаат сериозен проблем со термините. Патем за 5 дена две големи важни економски одлуки, нова инвестиција од 35 милиони евра на компанијата Вабтек и нови повеќе од 100 работни места. Обезбедена специјална економска соработка и 500 милиони евра за поддршка на македонскиот бизнис и инфраструктурниот развој на државата“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски одговарајќи на прашање на денешната прес конференција.

Тој продолжи и додаде:

„Поминаа времињата кога патувањата на Заев и неврохирургот на Заеви беа лични цели да отвораат фирми, возат мотори и да ја распродаваат Македонија. Нека се привикнува СДС на тоа што значи одговорна Влада и одговорно однесување кон народот и гласачите. Доаѓа време за нивна одговорност, тогаш ќе сфатат дека и 180,000 гласови им се премногу“, заклучи Јаревски.