Сабота, 29 Јуни 2024    Печати
Христијан Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата

449321181 415430224796850 6373399021694465475 n

Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема.

Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата.

Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот.

Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето.

Доаѓа време на правда.