Четврток, 14 Март 2024    Печати
Апел до нашите браќа и сестри во Дијаспора!

2UV1                                           Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Денес на македонскиот народ му е потребна иста таква поддршка од својата дијаспора каква што ја доби во деведесеттите години кога Македонија се осамостои и кога ги правеше првите чекори како самостојна и независна држава на меѓународната сцена.

Ова е време кога македонската дијаспора треба да тргне по стапките на своите претци. Токму сега е вистинскиот момент кога нашите браќа и сестри треба да го дадат својот допринос за Македонија.

Затоа, Браќа и сестри МАКЕДОНЦИ, сите Вие со вера во Бога, кои деведесетите години ги полневте плоштадите во Австралија, Америка, Канада, Европа и Македонија, за подршка на Македонија во својата борба за самостојност, ве повикуваме да не ги заборавиме делата на оние пред НАС!

- Света должност на секој Македонец е да ја чува својата татковина, зошто немаме резервна!

- Света должност на секој Македонец е да се грижи Македонија да не исчезне од картата на светот!

- Света должност на секој Македонец е да се грижи за македонскиот народ како дома така и во дијаспората!

- Света должност е да се чува аманетот на нашите претци!

- Да си Мекедонец значи да си ВМРО, значи силно во себе да го чувствуваш историскиот код содржан во тие четири букви!

- Четирите свети букви на ВМРО како ангел чувар светат над македонскиот народ!

Затоа Македонци, дојде време кога ни е потребен пресврт, кога треба да се ослободиме од баластот кој не сопнува, кога поразот треба да го претвориме во победа. Но тоа мораме заеднички да го направиме, заеднички сите во Македонија и Дијаспората, да го сочуваме идентитетот, да ја чуваме, негуваме и градиме Македонија, бидејќи само таа мајка Македонија може да нè сака и да не чува од секакво зло.

Мнозинството граѓани веќе одлучија дека се за промени, но на тие што сеуште не се одлучиле, да им порачаме: 

Не’ правете ја уште еднаш истата грешка.

5Vreme1

Сега имаме само еден избор за спас на Македонија: Влада на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Проф.Др. Христијан Мицкоски и за кандидатот за Претседател Гордана Силјановска Дафкова. Тоа е двоецот кој може да ги заштити националните интереси на нашата татковина.

За Нас Ветераните Македонија е, пред и над се.

Бог да ја чува Македонија!

АМИН!