Среда, 13 Март 2024    Печати
Да помогнеме на нашата мајка Македонија !
                       30633
 
                                                 Македонци во Германија
   
Повик за гласање на следните претседателски и парламентарни избори во Република Македонија.
Ова ни е единствена можност да влијаеме во кој правец ќе се движи Македонија во наредните 4 години.
 
Поради избирачкиот модел наша препорака е секој што ќе може да оди во Македонија таму да гласа.
 
Изборите се на 24 април Претседателски и среда на 8-ми мај втор круг Претседателски и Парламентарни избори.
 
Со оглед на тоа што 5-ти мај е Велигден, а овде во Германија среда 1-ви мај и четврток 9-ти мај се празници веруваме дека на многумина ќе им одговара да дојдат во тој период во Македонија.
 
Тие што планираат да гласаат во Македонија до 18-ти март можат да проверат дали се на избирачкиот список на следниот линк: https://izbirackispisok.gov.mk
 
Во зависност од интересот за изборите во Македонија, ќе има можност и да се организира превоз до Македонија и назад до Германија. Пишете ни ако сте заинтересирани за превоз.
 
Ако сепак нема да можете да одите и да гласате во Македонија, а сакате на 24 април (претседателски избори прв круг) и/или на 8-ми мај (парламентарни избори и претседателски избори втор круг) да го остварите вашето гласачко право, тогаш ќе може да гласате во дипломатско-конзуларните претставништва (Берлин/Бон/Минхен).
 
За гласање во Германија треба да се пријавите на следниот линк : https://dijaspora.sec.mk/...
 
НАПОМЕНА: доколку нема доволно пријавени за гласање на парламентарни избори во дијаспората, нема да добиете можност за гласање.
 
Дополнително ако се пријавите за гласање во Германија, а во меѓувреме се одлучите да гласање во Македонија, нема да можете да гласате во Македонија.