|
На денешен ден го славиме 32риот Ден на независноста на Македонија и истрајноста на нашиот македонски народ.
Македонија мора да остане цврста во својата борба за признавање, почитување и еднаквост меѓу земјите-членки на Европската унија и на глобално ниво.
Како водечка организација за Македонците, Обединетата македонска дијаспора гордо го поддржува територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, претставувајќи го македонскиот народ ширум светот.
Денеска им оддаваме почит на жртвите направени во потрагата по слобода и ја потврдуваме нашата посветеност за зачувување на историјата, идентитетот, јазикот и богатото културно наследство на нашата македонска нација.
|
|
|