Вторник, 17 Јуни 2025    Печати
Среќен 35 годишен роденден ВМРО-ДПМНЕ! Среќен 125 годишен роденден ВМРО!

vmro5

Денес го нема основачот и идеолог на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски и многу други наши сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, но, нивниот вмро-вски дух ни влева сила, надеж и волја да истраеме и да одиме само напред. Вечна им слава на сите!

Родендените се моменти кога одбележуваме, се потсетуваме и прославуваме.

ВМРО-ДПМНЕ е формирана на 17 Јуни 1990 година, а основната причина за нејзиното основање е борбата за самостојна Македонија и стекнувањето на независност во деведесеттите години на 20 век.

Изминаа 35 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ. Партија која е историски наследник на организацијата која дала многу жртви за вечниот идеал на Македонскиот народ за слободна и самостојна Македонија.

И така на Македонија и е судена ВМРО, на Македонците  им стана судбина ВМРО и како по аманет, ВМРО ја води секогаш моќен  Македонец, денес на чело на ВМРО-ДПМНЕ е Проф.Др.Христијан Мицкоски. Уште една цврста гранка, здрав корен е на врвот на ВМРО-ДППМНЕ.

Проф.Др.Христијан Мицкоски е  прво Македонец, а потоа лидер  на партија, чесен и достоен граѓанин на Република Македонија, за која тој цврсто стои на земјата и лавовски се бори за Македонија. А Македонија не е  само тука, таа дише со секој Македонец  по планетата земја и во соседните држави.

ВМРО-ДПМНЕ, е идеологија, формирана во исклучителен историски момент, се претвори во стеблото на МАКЕДОНСКИОТ непокор, сплотена и цврста, со братска искрена љубов, опстојува како гарант на МАКЕДОНСКАТА иднина, сега и засекогаш.

АМИН!

Среќен 35 годишен роденден ВМРО-ДПМНЕ! Среќен 125 годишен роденден ВМРО!

1uv11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy