Четврток, 18 Мај 2023    Печати
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се обрати на Генералното Собрание на ЦДИ

1mic9

"На Македонија, и покрај 30 годишната аспирација да стане членка на евроатлантските организации, и е ускратено тоа право. Тоа е заради непринципиелните барања на соседите кои кулминираа со историските етнонационални барања на Бугарија.

"Како држава ние секогаш правиме сѐ за да придонесеме кон европските вредности, регионалната стабилност и безбедност. Но, прашањето е дали истите тие вредности се споделуваат кога станува збор за нашето пристапување кон ЕУ.

Ние бевме првата држава од регионот која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација, станавме кандидат за ЕУ заедно со Хрватска, а требаше и да станеме членка на НАТО во исто време. Сепак, од непринципиелните барања на нашите соседи, ние и денес сме во лобито - надвор од преговорите.

Но, не смееме да се откажуваме. ВМРО-ДПМНЕ и владата која ќе ја предводи ќе направи сѐ што е во наша моќ да ги исполниме вистинските критериуми за членство, да направиме вистински реформи во економијата, да завладее правото и да се избориме со корупцијата во општеството.
 
Само на тој начин ќе ја донесеме Европа во Македонија и за македонските граѓани, но и Македонија поблиску до Европа.