Сабота, 30 Декември 2023    Печати
Среќна Нова 2024 Година!

1DOOM9

Македонска нација

Почитувани браќа и сестри,

Македонска нација Ви ја честита Новата 2024 година, и Ви посакува Господ Бог да Ви дари здравје, Вам и на Вашите семејства, каде и да сте, во светот или во татковината Македонија!

Во предвечерието на Нова Година, Македонска нација повикува на семакедонско помирување и обединување, меѓу Македонците во светот, меѓу Македонците во сите делови на Македонија и меѓу Македонците во Р.Македонија!

Без разлика на нивната партиска и верска определба, да престанат делбите и кавгите меѓу себе, да си простат едни на други и да се обединат под паролата „Македонија на Македонците“;

Да се избориме за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и културата;

Да инвестираме во Македонија и да ја подобриме економијата;

Да отвориме нови работни места и да го спречиме заминувањето на младите образувани кадри од земјата;

Да создадеме услови за да можат оние кои сакаат да се вратат во сопствената земја и на своите огништа и  заедно да изградиме македонска рајска градина;

Идентитетот МАКЕДОНСКИ не е на продажба ниту пак е тема за расправа;

МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постојат и ќе постојат, додека постои и светот;

Во оваа битка за Македонија нема поголем или помал Македонец. Сите сме исти, равноправни и секој треба да го даде својот придонес. Само така ќе се оддолжиме на сите оние претходни генерации кои животот го дадоа за создавање на ова засега единствено парче слободна и независна македонска држава.

Борбата не е завршена, а сите ние треба да го продолжиме нивното дело.

Со Македонија не’ има, без Македонија ќе исчезнеме сите заедно!

Среќна Нова 2024 Година!

Македонија вечна!

Амин!