Среда, 23 Октомври 2024    Печати
Унија на Ветерани: ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ-ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

1uv6 copy copy copy copy

23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

На 23 октомври 1893 година, во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов, шестмина Македонци ќе го направат решителниот чекор за обединувањето на сите сили на македонскиот народ во една општа револуционерна организација.

На основачкиот состанок присуствуваат:

Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен,
Даме Груев – учител, родум од с. Смилево - Битолско,
Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила - Велешко,
Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш,
Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово - Солунско и
Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе  Вардарско.

Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден и Крушевската република, преку НОВ и АСНОМ, преку 8 септември 1991 година, резултираа со современа самостојна македонска држава.

Искуствата на лидерите на дотогашните организации, во 1990 година беше формирана ВМРО-ДПМНЕ, а во 1991 година на Референдум македонскиот народ одлучи формирање самостојна држава Република Македонија.

ЧЕСТИТ 23 ОКТОМВРИ - Браќа и сестри во целиот свет!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ - Верни на Организацијата!

Organizacijata.jpg