Петок, 02 Јули 2010    Печати
Втора етапа од Вардарската регата Гемиџии по Вардар
Втората етапа од Вардарската регата Гемиџии по Вардар денеска продолжува со пловење на релација Стоби - Демир Капија. Учесниците го завршија вчерашниот ден успешно по што ја поминаа ноќта во шатори кај Градско.
Во Регатата се вклучени околу 60 кајакари, претставници на Центарот за управување со кризи на Црвениот крст, на полицијата, на Армијата на Република Македонија и на медиумите. Во првиот дел учествуваа и велешкиот градоначалникот Горан Петров и претседателот на Советот на општината Славчо Петров.
vardarska-regata-gemidzii2
Регатата завршува во недела. До 12 часот учесниците треба да стигнат во Гевгелија каде свечено е организирано затворањето. Според организаторите, можно е регатата догодина да плови до Солун, Грција, до местото каде Вардар се влева во Егејското Море.

Вардарската регата организирана во чест на славните Гемиџии од 1903 година, е обновена и се одржува повотрно по 17 години пауза, под покровителство на Општина Велес.