Петок, 26 Август 2022    Печати
Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ
1vmro2
 
Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа 
 
Изворот на сите проблеми со Бугарија е владата на СДСМ која потпиша договор кој и за најголемите бугарски националисти беше победа.
 
ВМРО-ДПМНЕ уште во 2017 година кога Заев го спремаше договорот кажа дека тој е асиметричен, со права за Бугарија, а обврски за Македонија.
 
И најголемите бугарски шовинисти не можеа да поверуваат дека Заев и СДСМ како договорна материја ставаат тези кои и тие самите никогаш не ги кажале. Дури и покојниот Божидар Димитров беше фрапиран од Заев, и го сметаше договорот за апсолутна победа на Бугарија. Од тој договор навака сите барања на Бугарија се уште полоши и понегаторски.
 
Тоа што Ковачевски го турка денес е надградено од тоа Заев што го постави пред 5 години. 
 
Протоколот и договорот не враќаат назад, а не не водат напред. За да помине се потребни се уставни измени, кои ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржи. 
 
Излез од оваа криза и од понижувањата за Македонија се само предвремени парламентарни избори.