Четврток, 21 Јули 2022    Печати
ИК на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно ја прифати инциијативата за референдум и народно изјаснување во однос на штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб.

Во перидот што следи, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, е „народно спротивставување на идентитетско обезличување“.