Петок, 01 Јули 2022    Печати
УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОТКАЖУВА ЗА УТРЕ НАЈАВЕНАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СМИЛЕВО

1uv123

СООПШТЕНИЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Ве информираме дека закажаната годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ која требаше да се одржи на 2-ри јули (сабота) во Смилево се одложува, со цел ВМРО-ДПМНЕ со целиот свој потенцијал да се фокусира на последниот француски предлог за кој актуелната влада искажа подготвеност да го прифати.


Неспособноста на дипломатијата водена од СДСМ и ДУИ има потенцијал да ги загрози македонските национални и државни интереси, што е причина повеќе да бидеме внимателни и активни во насока на спречување на секое решение кое е штетно за македонскиот народ и иднината на Македонија.

Браќа и сестри , нашата мила мајка Македонија повторно преживува  големо премрежие . Повторно некој и од надвор и од внатре пробува да не разнебитни, обезглави . Повторно се удира по македонскиот идентитет, јазик, историја .

Заради предавствата кои се подготвуваат овие денови, ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОТКАЖУВА ЗА УТРЕ НАЈАВЕНАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СМИЛЕВО.

Унија на Ветерани на чело со нашиот почитуван Претседател Проф. Др. Христијан Мицкоски како во минатото така и денес и така ќе биде и во иднина секогаш биле, се и ќе бидат во првите редови во одбрана на нашата мила Македонија.

Остануваме вклучени во активностите против овој предлог. 

Наскоро ќе ви испратиме нови детали.

Македонија ни е се што имаме!

Претседателство на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ