Среда, 08 Јуни 2022    Печати
Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада

42358795 1075623279279797 8109771524778491904 n

СДСМ да ги врати милионите што ги украде Заев, и Мајбахот на Трајче, со кој може да се купат 5 противпожарни возила

Над 20 милиони евра се изрекетирани во рекет шема на СДСМ. На тоа уште десетици нивни фирми потоа влегоа во РЕК Битола и го упропастија комбинатот, а Македонија ја оставија без струја. Штетите од ова се 250 милиони евра годишно.

Заради криминалот на СДСМ сега плаќаме скапа струја.

СДСМ да ги врати парите украдени од Рашковски и Мухамед Зекири, кои наместо генерални секретари биле генерални криминалци. И испумпале милиони евра.

СДСМ да ги врати парите, а ќерката на Ковачевски да не патува на државен трошок кај Папата, Ева Заева да скрати од луксузните патувања.

СДСМ да не краде, тогаш ќе има пари и за поголеми плати и струјата ќе биде поевтина.

Премногу е, протест за промени на 18-ти јуни во 20 часот пред влада.