Петок, 03 Јуни 2022    Печати
СДСМ вметна кукавичко јајце во договор за добрососедство кој сега ја води Македонија кон ќорсокак

1VMRO9

ВМРО-ДПМНЕ : СДСМ лиферува лажни вести за Когресот на ЕПП, одговорност за ќорсокакот во интеграциите треба да го бараат кај Заев

Реакција на прес конференцијата на Дарко Каевски

СДСМ се обидува да лиферува лажни вести за Конгресот на ЕПП, за да дефокусира од својата неодговорност и состојбите до кои ја донесе Македонија.

За тоа како ВМРО-ДПМНЕ ги застапува националните и државните интереси на Македонија пред ЕПП ги повикуваме Дарко Каевски и СДСМ да го проследат говорот на претседателот Мицкоски на Конгресот на Европската Народна Партија. Токму во тој говор јасно и недвосмислено беше потенцирано дека Македонија и граѓаните во Македонија  заслужуваат отпочнување на процесот на преговори за членство во ЕУ, без било какви условување и негирања на македонскиот јазик и идентитет.

Добро ќе беше СДСМ и Каевски навреме да препознаеа каква замка и пречка за Македонија претставуваат егзибиционизмот и болната амбициозност на нивната врхушка, кога дадоа правна рамка на едни анахрони, негаторски и неевропски барања. СДСМ тогаш вметна кукавичко јајце во договор за добрососедство кој сега ја води Македонија кон ќорсокак. За тоа одговорност Каевски и СДСМ треба да бараат од Зоран Заев, но и од наследникот Ковачевски.

СДСМ треба да прифати одговорност за ваквите потези исто како што треба да прифати одговорност и за другите нотирани забелешки кои се однесуваат за нивното 5 годишно злоупотребување на институциите. Во Европа веќе ја гледаат злоупотребата на институциите за да се нападнат опозициските партии, групи и поединци и дека во Македонија е потребно да се воспостави одговорен систем каде што судските служби се деполитизирани, а предметите се судат врз основа на објективни факти наместо политички интереси на разни групи.