Петок, 20 Мај 2022    Печати
Светислав Васев : Смешни се луѓето како Љубчо Георгиевски и Зоран Заев
676042
 
 
Смешни се луѓето како Љубчо Георгиевски и Зоран Заев, особено првиот, кои цел живот го посветуваат на погрешно граден историски романтизам, па сакајќи да бидат прифатени од тие кои ги идеологизираат се свестуваат во кал до гуша. Таква е и приказната со Георгиевски кој не може да најде начин како да им се допадне на бугарите, односно да ја изврши бугаризацијата која тој ја има во глава во Македонија веќе зазема трагикомичми димензии.
Човекот буквално моли бугарите да го прифатат него и предавничките политики на Заев, а бугарите не го есапат.
Како што тргнало на крај ќе сфатат дека иако тие се чувсвтвуваат бугари, во Софија секогаш ќе бидат примени со постмев. Па на крај ќе видат дека нивното бугарско чувство е само внатрешна борба со себе која ни самите нема да ја разберат.
 
Можеби на крај и ќе жалат за своите постапки, но штетите кои ќе ги нанесат на државата и нацијата, која не е отруена како нив ќе бидат преголеми.
Тоа е синдромот на Григор Прличев, кој се родил македонец, во дел од животот сакал да биде грк, па се доживеал како бугарин, за на крај да ја воочи својата наивност и да умре како македонец.
 
Секоја нација си ги има своите нособерени синови. И тоа не е нешто од кое што треба да се срамиме. Бугарија пред да биде ослободена од Русите 1878 година била подложена на влашизација. Да не ги ослободеле тогаш, туку 70 години подоцна сега можеби Бугарија ќе беше со влашки сентимент.
 
Исто е и со србите во Војводина, кои биле подложени на маџаризација или словенците на германизација, па и на хрватите во Далмација и италијанското влијание.
 
Но сега кога веќе имаме држава, ликовите кои душевно талкаат треба да ги лоцираме како такви, а не од нив да правиме политичари, бизнисмени и што ли уште не.
ПС. Од нас зависи дали ќе имаме држава или ќе бидеме сите како Георгиевски барајќи некој кого ќе го идеологизираме. 
Јас мислам дека сме спремни да го сочуваме и унапредиме тоа што го имаме. Ќе ја биде Македонија.