Недела, 17 Април 2022    Печати
Изјава на претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, Мето Колоски, за посетата на Бугарската Владина Делегација во Битола

Изјава на претседателот на Обединета Македонска Дијаспора, Мето Колоски, за посетата  на Бугарската Владина Делегација во Битола

"Преспанскиот договор ги отвори портите да не играат како што сакаат - денешната посета на Петков, Иотова, Генчовска и Захариева е последица на тој договор. Властите во Македонија дозволија клуб посветен на Ванчо Михаилов, соработник на Мусолини и Хитлер, во демократска Македонија и дојдоа највисоките Бугарски лидери да го отворат во Битола каде започна депортацијата на Македонските евреи за време на втората светска војна од страна на Бугарската Нацифашистичка армија. Синојќа започна Пасех, Еврејскиот верски празник - денес сеуште им е верски празник. Македонија нема да отвори ништо во Бугарија, да не се лажиме. Македонското малчинство во Бугарија ќе продолжи да биде колатерална штета на некомпетноста на нашата македонска дипломатија на чело со Бујар Османи кој доаѓа од партија која статуии на Наци соработници поставуваше низ западна Македонија. Македонските лидери со скрстени раце ќе си останат и Бугарите ќе не играат како што сакаат, и ни ЕУ нема да не прими. А ние на социјални мрежи ќе се жалиме и ништо нема да правиме како и обично. Но браво до Битолчаните кои денес излегоа и протестираа!"

1omd1