Петок, 08 Април 2022    Печати
Колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?

1zekiri

ВМРО-ДПМНЕ : Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?

Додека вработените во македонски пошти протестираат за нередовни примања, додека поштата бележи загуби, Мухамед Зеќири и неколкумина се осомничени дека правеле фиктивни филизибилити студии за рационализација и продажба на Пошти и за тоа наплатиле близу еден милион евра.
 
Ваков криминал не можел да се случи без знаење на Заев кој е кумашин на Зеќири и шефот и претпоставен на Зеќири, Димитар Ковачевски.
 
Оттука се поставува прашањето: Дали и колку од парите на Зеќири завршиле во џебот на кумашинот Заев и шефот Ковачевски?
 
До кога ќе се лаже јавноста дека Заев и Ковачевски се чесните, а нивните први соработници најкриминалните, и дали мислат дека некој во тоа ќе поверува.