Понеделник, 06 Септември 2021    Печати
Заев го изгуби членството, затоа му требаат робијашите на слобода да му го ублажат поразот на избори

2288717

Власта на Заев дозволува лица осудени за криминал наместо во затвор да хараат низ Македонија. 

Последниот случај со осудениот за „Рекет“, кој наместо на отслужување на казна учествуваше во сообраќајна несреќа со фатални последици, само покажува дека во Македонија со Заев нема право. И не е само тој, десетици други робијаши се на слобода. Заев наредува, судот ги ослободува, АНБ и МВР ги штитат. 

Целта на ослободување на робијаши пред избори е јасна, истите да му помогнат на Заев да го ублажи поразот. 

Робијашите треба да заплашуваат, уценуваат, поткупуваат граѓани. Членството и коалициските партнери го напуштаат Заев и затоа му требаат робијашите на терен.

Очигледно криминалецот Заев се опкружи со такви како него. Сликата за мафијата на власт и нејзината коалиција со подземјето се официјализираа.