Среда, 01 Септември 2021    Печати
Христијан Мицкоски: очекуваме голема победа во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври

1Mici01

На овие избори ќе излеземе со позитивна кампања, многу нови проекти, решенија за акутните проблеми на граѓаните и чесни кадри кои ќе покажат како се работи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски: очекуваме голема победа на ВМРО-ДПМНЕ во најголем дел од општините на локалните избори на 17 октомври.

Тој денеска присуствуваше на отворањето на Политичката академија 2021: „Поттикнување на демократија на локално ниво – Градење на добри политики и стратегии за одржлив локален развој“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ и Фондација Конрад Аденауер – Македонија.

За нас претставува особена чест и задоволство што соработката со Фондацијата Конрад Аденауер продолжува и на овие локални избори, овие неколку денови за нас се од исклучително значајни, јас сум убеден дека исто така значајни се за идните градоначалници или претседавачите на Советите онаму кадешто коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните локални избори.

Јас очекувам согласно бројките и последните  истражувања таа победа да биде голема и во најголем дел од општините во Република Македонија.

Искуството кое ќе го слушнеме од домашните предавачи и луѓето коишто се надвор од нашата држава кои доаѓаат од земјите членки на Европката унија, се надевам дека ќе биде дополнителен мотив за идните градоначалници и членови на Совет да дел од тие политики, дел од тие насоки ги применат понатаму во работењето на општините, пред се' тука мислам на екологијата, подобрувањето на животната средина, отчетноста, транспаретноста во работењето на општините, процесот на дигитализација, пред се' и над се' чесното работење. 

Работењето на градоначалниците да биде репер и за оние менаџираат институции на државно ниво иако јас се надевам дека после овие локални избори ќе имаме многу брзо нова влада која ќе одржи лекција како се работи чесно и како се бори против криминалот и корупцијата коишто се за жал акутна појава во македонското општество.

Ценам дека овие неколку денови ќе имаме можност да научиме,  да размениме мислења, да пренесеме и наши искуства она коешто  ние планираме да го направиме, односно градоначалниците и членовите на Совет планираат да го направат и ценам дека ова ќе биде исклучително голема можност за сите нас да напредуваме и да излеземе потоа пред граѓаните за време на кампањата која за не повеќе од три недели официјално треба да започне со понуда која ќе ги задоволи нивните критериуми и барања и ќе понуди решенија за нивните проблеми.

Така што тоа го кажавме во ова предизборие, ние планираме да водиме позитивна кампања, не планираме да се занимаваме со тоа колку градоначаниците на СДСМ и ДУИ се лоши, бидејќи тоа граѓаните го знаат и нема што ново да кажуваме тоа е исто како да зборуваме за минатогодишниот снег. 

Ние сакаме да излеземе на овие избори со една позитивна кампања, кампања на надеж, кампања која ќе понуди решенија за акутните проблеми за нашето општество, пред се' тука мислам на борбата безкомпромисна со криминалот и корупцијата, многу проекти, реализирање, остварување на истите, отчетност, транспарентност  и нормално чесна и честита работа од страна на сите.