Сабота, 28 Август 2021    Печати
Мицкоски: Соработката на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победи криминалот и корупцијата на коалицијата СДСМ-ДУИ

1Mickos

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Велес каде присуствуваше на настан за  промоција на политики во врска со локалната самоуправа, одговарајќи на новинарско прашање за договорената опозициска соработка со Алијанса за Албанците и Алтернатива, истакна дека тоа е коалицијата која ќе ги неспособноста и криминалот, односно коалицијата на СДСМ и ДУИ.

Тој вели дека од оваа соработка се очекува да бидат поразени политиките на корупција, безидејност, но и безнадежноста и апатијата до кои доведе актуелната власт, која нема никаква стратегија и визија.

- Очекувам конечно оваа коалиција да победи ја победи неспособноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, безнадежноста, апатијата, немањето никаква стратегија, немањето визија за развојот на Македонија, односно да ја победи коалицијата СДСМ и ДУИ, потенцираше Мицкоски.