Недела, 22 Август 2021    Печати
Лошите оценки на Херитиџ се лош имиџ за Македонија

1Tab191

Поради Заев за 4 години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи

Поради Заев за 4 години Македонија падна 15 места на листата на Херитиџ за економски слободи.

Од 31 место во 2017 година, Македонија е сега рангирана на 46 место на листата за економски слободи во друштво со Руанда и Колумбија.

Херитиџ нотира дека власта е во црвена зона во делот на интегритетот на владата и судскиот систем. Буквално власта има единица во овој дел.

Пад во однос на минатите години имаме и на полето на слобода на работниците и слободната трговија. Буквално Херитиџ кажува дека сега е потешко да се води бизнис во Македонија за разлика од порано.

Времето за отворање на фирма е многу подолго што е одлика на бирократизација на системот кој му служи само на Заев, а е нефункционален за се друго.

Лошите оценки на Херитиџ се лош имиџ за Македонија и ќе го одвраќаат секој можен инвеститор.

Секој сериозен инвеститор пред да се одлучи да ја запознае земјата одблиску гледа што за неа кажуваат мерењата на Херитиџ, Економист, Транспаренси Интернешенал.

Време е ова да се смени. Време е Македонија да тргне напред. Време е за Македонија за сите луѓе.

ВМРО-ДПМНЕ