Петок, 20 Август 2021    Печати
Шилегов наместо да гради, тој краде, а градот тоне

121petr

Неработникот Петре Шилегов ќе одговара за проневера на 12,5 милиони евра од Градската куќа, парите ги нема, а нема ни проекти

Неспособниот неработник Петре Шилегов кој ветуваше чуда, потроши четири години во кои не направи ниту еден проект за скопјани. 
 
Четири години стагнација за Градот Скопје, четири години тонење и уништување.
 
Мрзеливиот Шилегов ветуваше тунели, булевари, мостови, подземни сообраќајници, трамвај и ред други проекти, но наместо да ги изгради овие проекти за подобар живот на скопјани, тој ја продаде Градската куќа, а парите кои ги зеде мистериозно исчезнаа.
 
Неработникот Шилегов треба да одговара за проневера на 12,5 милиони евра кои ги зеде од продажбата на Градска куќа кои апсолутно никој не знае каде се потрошени. Нема нов објект за градот, а ги нема ниту ветените големи проекти кои им ги ветуваше на скопјани. Нема проекти, ама нема ни 12,5 милиони евра.

Шилегов е должен на скопјани да им објасни каде се потрошени парите од Градската куќа, дали се потрошени и на што се потрошени. Дали завршиле во лични џебови и кој се профитирал од нив?

Освен што е способен да потроши  на ништо 12,5  милиони евра граѓански пари, Шилегов е способен да ги остави скопјани на цедило во состојба кога во Скопје беснееја пожари. И тоа е се што треба да се знае за овој неспособен градоначалник кој си уживаше на плажа, додека граѓаните беа во опасност од пожар.
 
Во меѓувреме нема почист воздух, нема тунел под кале, Илинденска не е продолжена, нема жичарница, нема подземна железница, нема трамвај, нема враќање на сјајот на СРЦ Треска, нема Луна парк, но затоа има скапи клупи од тропско дрво, скап Дино парк среде економска криза и потрошени 12,5 милиони евра кој никој не знае каде.
 
Шилегов наместо да гради, тој краде, а градот тоне.
Токму затоа му порачуваме на неспособниот неработник Петре Шилегов да ги пакува куферите затоа што заврши неговата политичка кариера и да се спреми да одговара за проневерата за Градската куќа и сите други криминали изминатите четири години.