Понеделник, 09 Август 2021    Печати
Владата не обезбеди вакцини, и не спроведе масовна имунизација за да може сега преку репресивни мерки да ги тера останатите да се вакцинираат

vaccine confuse

Заев и Филипче набавија само 200.000 Синофарм и 500.000 Синовак вакцини, 100.000 Фајзер и 40.000 Астра Зенека се донација преку КОВАКС системот. Според сегашната динамика вакцини има уште за сто илјади граѓани, а нови вакцини нема ниту на повидок.

За да се воведе таква забрана каква што изгласа владата потребно е да има доволен број на вакцини за сите и организираност на поголем број вакцинални пунктови.

1. До каде се 800.000 Фајзер и 200.000 Спутник вакцини кои се платени, а не се дојдени, Заев ги најави уште во март?

2. Зошто во Скопје функционираатсамо три вакцинални пункта и се дозволува создавање на гужва пред пунктовите? Зошто не се направија мобилни пунктови во неколку паркови, плоштади и слично?

3. Зошто голем број на градови воопшто немаат вакцинални пунктови?

4. Каков е планот од септември и дали ќе дојдат платените 1 милион вакцини, а ако не кој е планот за дотур? Зошто ако воведуваш забрана мора да имаш и константна опција за имунизација на населението! Доколку немаш, а имаш забрана само се изживуваш со народот!

5. Зошто се чекаше да се зголемат бројките на заразени и не се воведе гранично тестирање при влез во државата?

И може да се реди уште многу, но најважно е не смее да има забрана без овозможување константна опција за имунизација, и без претходно да се преземат сите мерки за спречување на влез на КОВИД болни.