Сабота, 07 Август 2021    Печати
Заев ужива на одмор Македонија гори

1VMRO nova

ВМРО-ДПМНЕ : Предмет на стручна опсервација треба да биде премиерот Заев, штом може да ужива на одмор додека Македонија гори

СДСМ води пироманска политика.
Додека народот голта чад, гаси пожари со кофи и стравува за своите животи и имоти, премиерот Заев пие коктели и се лади.
 
Вистински предмет на стручна опсервација треба да биде премиерот Заев, штом во услови кога Македонија гори тој може безгрижно да ужива на одмор.
 
Секој одговорен државник кога земјата му е загрозена или се соочува со природна катастрофа, откажува состаноци и активноста, а не пак да замине на одмор. Очигледно на премиерот Заев му е поважен одморот од народот.
 
Ова само потврдува дека освен што се неспособни се и неодговорни.
 
Народот повеќе не очекува одговори од СДСМ и Заев, туку очекува одговорност!