Среда, 04 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
СЕ ОДРЖАА „48-ТЕ ЉУБАНСКИ ИЛИНДЕНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ“

1is1e21

На први и втори август 2021 година се одржаа „48. Љубанските илинденски иселеничките средби“.. Тие се значајна иселеничка манифестација не само за Љубојно и Преспа, туку и за Република Македонија. Во тие денови се славеше Илинден, најголемиот ден на слободарскиот дух од сите денови и празници на македонскиот народ и Македонија. А Илинден за македонскиот народ е величествен ден на сенародниот македонски копнеж за борба и слобода на Македонија. Затоа тој голем ден за сите Македонци од етничка Македонија го прави Љубојно да е најубаво, највесело и најпривлечно.

Четириесет и осумите „Љубанските илинденски иселеничките средби“  започнаа во дворот на  старото училиште „Димитар Влахов“ (кое се очекува државата да го  реновира)  со македонската химна и со поздравните говори на д-р  Живко Гошаревски, градоначалник на Општина Ресен и д-р Венко Филипче, министер за здравство, со што Средбите беа прогласени за отворени.

Во организација на „Одборот за прослава на средбите“ на чело со Васил Томулевски, оваа година на Илинден во Љубојно се собраа бројни иселеници од прекуокеанските земји, од Европската Унија, Преспанци што живеат низ Македонија, голем број Македонци од егејскиот дел на Македонија што живеат ширум светот, гости и иселеници од другите села, туристи од Претор, Сливница, Долно Дупени, Брајчино, Наколец, Штрбово, Арвати и Крани, како и голем број повратници од Преспа,  Битолско, Охридско, Леринско и од Мала Преспа.

Средбите започнаа со литературна манифестација посветена на великанот на македонскиот јази Блаже Конески. По тој повод беше промовирана стихозбирката „Раѓање“ од поетот Бошко Рајчовски-Пелистерски од Детроит, Соединетите Американски Држави (САД), за која зборуваше проф. д-р Виолета Ачковска, а песната „Тешкото“ ја рецитираше поетесата Анета Коруноски-Париз од Чикаго, САД. Потоа, беше промовирано делото „Преспанска разгледница“ од Славе Катин од Љубојно. Промотор беше познатиот новинар, колумнист и публицист Веле Митановски од Охрид.

На оваа културна манифестација беше промовирана и монографијата за познатото семејството „Видиновски“ од Торонто, Канада, чиј автор е Слае Катин. За ова значајно моногравско дело кое е посветено за македонска поетеса Рада Видиновска зборуваше Милчо Јованоски познат новинар, публицист и душата на порталот „Публицитет“ од Охрид

На литературната манифестација Славе Катин се осврна на животот и делото на познатиот и признат иселеник од Љубојно, поетот Бошко Рајчовски-Пелистерски, водител на радио часот „Оро Македонско“, кое постои во САД цели 5о години и кој е мост меѓу Македонија и Соединетите држави Потоа се одржа промоции на делата „Бричење петли“ од публицистот Владо Димовски, кој е од Долно Дупени, а делото  го претстави Марија Младеновса и публикацијата „Златниот часовник што го запре времето“ од дипломатот Костадин Дораковски кој е Битолчанец со потекло од Љубојно, кој го претсатви делото пред публиката.

Потоа, традиционалните четириесет и осуми „Љубанските илинденски исредби“ продолжија со народна веселба во Центарот, познат како  „Полена“ во Љубојно,  каде беа собрани голем број посетители. Веселбата ја збогатија младите и полетни играорци на Друштвото „Гоце Делчев“ од Битола и КУД „Новаци“ од Новаци, кои се претставија со грст македонски народни ора и песни, за што беа наградени со аплаузи.

Иселеничките средби се исполнети со интересни содржини, Тогаш ечат песни и ора, се радуваат луѓето на многуте визити, видувања, спомени и завет - дека каде и да се, ама на Илинден, во Долна Преспа да се.  

Овој голем ден на верската и националната симболика на македонскиот народ ја издигна до ниво на магија која го поврзува, независно дали се наоѓа во Македонија, Австралија, Европа, Канада, САД, Европската Унија или на други простори во светот. Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите.

Во текот на средбите присутните ги забавуваа  групата „Персиди“ и естрадните уметници Елена Велевска, Елена Јовческа, Соња Ристевска, Снеже Радичевска, Благојче Стојановски - Туше и Ташко Каранфиловски, кои со своите познати македонски песни оставија убав впечаток кај присутните. Исто така, на средбите се претставија и ученици кои потекнуваат или беа гости во Љубојно. Нивните игри и песни беа проследени со големо вниманија и беа наградени со искрени аплаузи од публиката.

Инаку, „Љубанските илинденски иселенички средби“ се доживуваат свечено и празнично во сите куќи во Љубојно и кај сите посетители. На Илинден Љубојно добива свечен празничен лик. Тогаш се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат и се среќаваат со своите роднини, пријатели, познати...

Токму на Илинден во Љубојно со гордост се истакнуваа бурното минато исполнето со непокор и борба за опстанок. Тоа е резултат на фактот дека на првиот Илинден во 1903 година се случиле бурни и драматични настани, а и во текот на окупацијата Љубојно беше едно од жариштата на револуционерното движење и прва ослободена територија во Преспа.

На прославата на четириесет и осмите „Љубанските илинденски иселенички средби“, се потврди дека  родното место, со невидена сила ги привлекува иселените повторно да се вратат на дедовските корени. На средбата во прекрасната атмосфера присутните ги доживееја деновите и моментот како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметењје во родното печалбарско Љубојно.

1is1e212Спомен-плочата на куќата на Калајџиовци

Како и сите изминати годиниу и оваа година на денот Илинден во црквата „Свети Илија“ во Љубојно се одржа традиционална богослужба на која присуствуваа голем број верници од Љубојно и гости на средбите.

Потоа, пред спомен-плочата за паднатите илинденци пред куќата на Калајџиовци градоначалникот на општината Ресен, д-р Живко Гошаровски положи свежо цвеќе. Притоа, беше речено дека ако долнопреспанци со пушка во рака биле учесници во двата Илиндена за слобода на Македонија, денес тие со продолжувањето на македонските традиции и духовно-националниот живот, со обичаите и со културните настани, ги зацврстуваат корените на Македонија, на македонскиот народ во Преспа и насекаде во светот.  Сите тие порачаа - средбите и Македонија  да бидат вечни.

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.