Понеделник, 02 Август 2021    PDF Печати Е-пошта
ВМРО-ДПМНЕ: Честитка по повод државниот празник 2-ри Август - Илинден

1nova121

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита големиот македонски празник Илинден.

Илинден е најсветлиот ден во историјата на Македонија, кој ги врзува сите генерации кои се бореа за слободна и независна Македонија. И во 1903-та и во 1944-та година на овој ден народот се обединуваше под бајракот на слободата на татковината во борбата за своите човечки правдини против вековите ропства и окупации.

Илинден е нишка на вековниот сон за кој своите животи ги дадоа илјадници македонски херои, синови и ќерки. Во 1903 година  храброста и жртвата на хероите од Илинденската епопеја беше искрата која разгори идеал пренесен и на вториот светол Илинден 1944 година кога со АСНОМ се втемели македонската државност, идеал кој на 8-ми Септември беше крунисан со независна, самостојна и суверена Република Македонија.

Идеалот никогаш не смее да згасне, бидејќи и борбата за Македонија вечно ќе трае. Денес повторно сме исправени пред нови искушенија и предизвици. Новата борба која ја води оваа генерација, во ова ново време, е борбата против оние кои го погазуваат достоинството на овој народ, го негираат, му ги газат неговите права и слободи, против оние кои го осиромашуваат и крадат, против растечката корупција и криминал што ги разјадува темелите на државата, против оние кои нудат бесперспективност наместо напредок, против оние кои бегаат од народот и го делат, против оние кои заради гола власт ги предаваат и своите предци и своите идни поколенија. Оваа борба е тешка, но многу потешка била и борбата на Илинденците и таа на Народноослободителната војска. Нивната саможртва и посветеност на идеалот покажуваат дека нема борба која не може да се кринуса со успех, ако народот е сплотен. Таа победа ќе биде просперитетна, богата, независна и суверена Република Македонија, дел од широкото европско семејство на држави.

Слава им на сите кои ги положија своите животи за слободна Македонија!

Нека е честит и вечен празникот Илинден!

Нека е вечна Македонија!

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.