Недела, 01 Август 2021    Печати
Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ: ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН Македонци каде и да сте!

1ilind00

Македонија слави Три Илиндена и сите имаат посебно место во македонските срца.

Унијата на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, на сите македонски граѓани во Македонија и во дијаспората им го честита 2-ри Август-Илинден.

Илинден има посебнa важност за македонскиот народ.

Ако 1903 година на првиот Илинден македонскиот народ во Крушево ја формира првата Република во овој дел од Европа, ако на вториот Илинден од 1944 година во манастирот Прохор Пчињски ги положи темелите на македонската државност, тогаш на 8 септември 1991 година на третиот Илинден македонскиот народ се стекна со целосна самостојност, независност и сувереност. А да се биде суверен значи сам да одлучуваш за сопствената судбина.

Унијата на ветерани и ВМРО-ДПМНЕ, оди и ќе оди по овие патеки.

Илинден е наш голем верски и национален македонски празник. Ден на македонската Република.

Да живее Република Македонија!!!

ДА НИ Е ЧЕСТИТ И ВЕЧЕН ПРАЗНИКОТ!!!

АМИН!

УВ на ВМРО-ДМНЕ